Мутко соопшти како Русија ќе одговори на одлуката на судот за атлетичарите

Рускиот министер за спорт истакна дека одлуката на Судот за спортска арбитража за исклучување на руските атлетичари од Олимпијадата во Рио ги крши правата на „чистите“ спортисти.

Руските спортисти ќе продолжат да ги бранат својата чест и достоинство во граѓанските судови, изјави министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко. Според него, на пресудата на Судот за спортска арбитража (CAS) по повод жалбата на руските атлетичари и Олимпискиот комитет на Русија на одлуката на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) влијаеле резултатите од истражувањето на комисијата на Светската антидопинг агенција предводена од Ричард Мекларен.

„Жалбата што ја поднесоа ОКР и 67 спортисти имаше за цел да издејствува дека правилата врз основа на принципот на колектива одговорност не ги опфатат луѓето со чиста репутација кои немаа дисциплински прекршоци“, додаде Мутко. Тој истакна дека одлуката на CAS ги крши правата на „чистите“ спортисти, додека соработниците на ИААФ кои го покриваа допинг-системот сѐ уште работат во организацијата.

Според министерот за спорт на Русија, тој е подготвен веднаш да се повлече ако комисијата успее да докаже дека учествувал во „некаков допинг-систем”, пренесува РИА „Новости”.

Министерот за спорт на Русија изрази целосна увереност во чесноста на руските спортисти и изјави дека Москва е подготвена на ревизија на допинг-примероците од Олимпијадата во Сочи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња