„Сметаме, несомнено, дека по неодамнешните настани во Турција, таму се случува процес кој, за жал, е изнуден. Истовремено, се разбира, потребно е движење во рамките на Уставот, како што рече и министерот за надворешни работи (Лавров). Тоа се однесува на сите аспекти на турското општество“, рече Захарова, нагласувајќи дека човековите права се приоритет и треба да останат неповредени.
Таа додаде дека Москва ќе инсистира Турција сурово да ги казни оние кои го соборија рускиот Су-24 во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
Претходно потпретседателот на турската влада Нуман Куртулмуш изјави дека дејството на Европската конвенција за човекови права ќе биде привремено запрено на територијата на Турција за време на вонредната состојба.
Турција соопшти дека воведува вонредна состојба која ќе трае наредните три месеци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче