Како што укажува познатиот руски експерт за морска пловидба Михаил Војтенко, Турција, воведувајќи мерки на ограничување за руските бродови, не ги прекршува важечките правила. Работата е во тоа што во регионот многу овластувања му се дадени на специјално формираниот Центар за контрола на бродови, под чиј надзор се наоѓа целиот бродски сообраќај во теснецот. Како што истакнува Војтенко, Центарот може да му даде команда на секој брод да го запре движењето, објаснувајќи го тоа со грижа за безбедноста на пловидбата. Турската страна не прима жалби за затворањето на движењето низ теснецот. Наведените дејствија се толкуваат не како затворање, ами како времено запирање на преминувањето на бродовите.
Меѓутоа постои веројатност во блиска иднина Русија во речиси во целост да се ослободи од зависноста и од теснеците, и од нивниот каприциозен „сопственик“. Пред некое време се обновија плановите за изградба на таканаречениот „Трансирански канал“ – 700 километри долгиот пат од Каспиското море до Персискиот залив, кој може да го реализираат касписките земји. Веќе е пресметано дека проектот ќе чини од 10 до 30 милијарди долари, меѓутоа каналот може значително да им го олесни патот на бродовите од земјите со излез на Каспиското море до далечната морска зона. Ќе се скрати и времето за транспорт на стоки преку новата маршрута за повеќе од двојно. И, се разбира, ќе биде намалена зависноста од Турција и Босфорот и Дарданелите што таа ги контролира.
Информацијата дека проектот се наоѓа во фаза на активно разгледување беше објавена од амбасадорот на Иран во Русија Мехди Санаи. Руската страна на официјално ниво засега нема дадено никакви изјави. Во исто време, како што укажуваат експертите, за Иран и Русија изградбата на овој канал би значело зајакнување на одбранбената способност на двете земји. Како што истакнува првиот човек на рускиот Центар за стратешка конјунктура Иван Коновалов, Иран, откако се ослободи од санкциите, стана голем отворен пазар за кој денеска се заинтересирани многу земји.
„Убеден сум дека дијапазонот на нашата соработка во догледна иднина ќе стане уште поопширен“, потенцира експертот, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче