Кремљ ја смета за неуспешна изјавата на кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп за потенцијален руски напад врз НАТО, изјави во четвртокот, 21 јули, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.
„Во однос на залудно изговорената фраза за хипотетички напад на Русија врз некого - тоа не е многу добра формулација“, рече портпаролот на Кремљ.
Претходно во четвртокот, одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали Вашингтон треба да обезбеди помош на сојузниците во НАТО во случај на закани или напад од страна на Русија, Трамп одговори потврдно. „Ако тие ги исполнуваат своите обврски спрема нас, одговорот е – да“, рече тој.
Во исто време кандидатот за американски претседател истакна дека САД „немаат право да подучуваат“ други земји и изрази уверување дека САД треба „да ги стават нештата во ред кај себе“ пред да се обидат да го променат однесувањето на други држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче