Магазинот „Форбс“ објави листа на руските ѕвезди во сезоната 2015/2016. За рејтингот најважни беа критериумите: годишен приход, вниманието на медиумите и интернет-корисниците.
Како и претходно, списокот го предводи тенисерката Марија Шарапова (приход од 21,9 милиони долари). Нејзиното име било споменато во медиумите повеќе од 12,5 илјади пати, а корисниците пребарувале за неа на „Јандекс“ околу 880 илјади пати. Шарапова е деветти пат на чело на листата најпознати Русија. Двапати таа беше на второ место - во 2011 и 2012 година.
На второ место е пејачот Григориј Лепс со приход од девет милиони долари. Бил спомнат во медиумите речиси четири илјади пати, а е најмногу пребаруван на „Јандекс“ во споредба со останатите – над десет милиони пребарувања.
Третото место е за музичарот Сергеј Шнуров. Неговите приходи „Форбс“ ги проценува на 11 милиони долари. Бил споменат околу 3,4 илјади пати во медиумите, а пребаруван на „Јандекс“ речиси шест милиони пати. Како што пишува „Форбс“, популарноста на музичар „ги руши сите рекорди“, и не е исклучен догодина тој да ја претекне по популарност и Марија Шарапова.
Останатите места на листата ги заземаат: пејачот Филип Киркоров (7,6 милиони долари, седум илјади спомнувања, 430 илјади пребарувања), хокеарот Александар Овечкин (12,1 милиони долари, над 4,6 илјади спомнувања, 522 илјади пребарувања), моделот Наталија Водјанова (7 милиони долари, 3,7 илјади спомнувања, 740 илјади пребарувања), пејачот Сергеј Лазарев (1,3 милиони долари, над 8,5 илјади спомнувања, над 6,5 милиони пребарувања), пејачот Егор Крид (3,6 милиони долари, над 700 спомнувања, над 8,8 милиони пребарувања), пејачката Замфира (приход од 6 милиони долари, над 4,2 илјади спомнувања, над 2,6 милиони пребарувања), и на десеттото место е хокеарот Евгениј Малкин (9,9 милиони долари, над 2 илјади спомнувања и речиси 200 илјади пребарувања на „Јандекс“).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче