Руските универзитети на второ место на рејтингот QS BRICS

55 руски визокообразовни установи се најдоа на листата со 250 најдобри универзитети во БРИКС

Руските универзитети се најдоа на второ место во поглед на застапеност на листата на врвните светски универзитети во земјите-членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), според QS World University Rankings објавен од страна на британската компанија Quacquarelli Сајмондс Ltd на 20 јули, пренесува ТАСС.

Вкупно 55 руски високообразовни институции се најдоа на листата на најдобрите 250 универзитети во земјите-членки на БРИКС. Русија е втора, по Кина претставена со 86 високообразовни установи. Најдобар руски универзитет на ранг-листата е Државниот универзитет „Ломоносов“ во Москва, иако сега е рангиран на 7 место (во споредба со минатата година кога го заземаше 4 место).

Листата со руските десет врвни универзитети ги вклучува и Државниот универзитет во Санкт Петербург и Државниот универзитет во Новосибирск (го делат 20 место), Московскиот државен технички универзитет „Бауман“ (38 место), Државниот универзитет во Томск (43 место), Московскиот државен институт за меѓународни односи (44 место) Московскиот институт за физика и технологија (48 место), Националниот универзитет за нуклеарни истражувања  (50 место), Политехничкиот универзитет во Санкт Петербург „Петар Велики“ (61 место) и Високата школа за економија на Националниот универзитет за истражување (62 место).

Кинеските универзитети ја потврдија својата доминација на ранг-листата предводена од Универзитетот „Цингхуа“ (1 место) и Универзитетот во Пекинг (2 место).

Рангирањето за 2016 година ги опфати првите 250 универзитети во БРИКС (во споредба со 200 од претходните листи). Бразил и Индија сега имаат 54, односно 44 универзитети на листата (наспроти 40 и 31 минатата година). Јужна Африка има 11 универзитети предводени од Универзитетот во Кејптаун (14 место).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња