Одложено излегувањето на Покемон ГО во Русија

Излегувањето на играта Покемон ГО во Русија е одложено на неопределено време поради проблеми со серверите, изјави извор во компанијата Нинтендо.

Излегувањето на играта Покемон ГО во Русија е одложено на неопределено време поради проблеми со серверите, изјави за „Лента.ру“ извор во компанијата Нинтендо. Според него, поради слични проблеми играта е засга недостапна дури и во Јапонија.

Претходно беше соопштено дека лансирањето на играта во Русија ќе се случи до 17 јули.

„Серверите на Нинтендо, креаторот на играта, не можат да се справат со оптоварувањето и покрај постојаното надградување. Во многу нешта тоа е поврзано со напливот на играчи од земји каде играта официјално не е пуштена. Во Русија Покемон ГО во најскоро време нема да излезе, иако тоа ќе донесе определени загуби“, истакна изворот.

Сепак апликацијата може да се симне од App Store или Google Play со промена на некои од подесувањата на паметниот телефон.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња