Важни воени тајни на НАТО, наменети само за 28 земји-членки на Алијансата, протекуваат до Русија. Според „Дејли Мирор“, со ваква изјава во Парламентот на Велика Британија настапил министерот за одбрана Мајкл Фалон.
Како што истакнува изданието, кратко пред оваа изјава портпаролот на Конзервативната партија, полковник Боб Стјуарт, кој командуваше со силите на ООН во Босна, ја обвини Алијансата дека во 1990-те години стапила во „таен договор“ со Москва.
„Кога јас служев во НАТО, ние знаевме дека секоја информација со ознаката „НАТО: тајно, доверливо“ веќе по половина час беше кај Русите. Постоеше големо протекување на податоците. Тоа е голем проблем“, изјави Стјуарт.
„Сите го сфаќаат овој проблем. Ние треба да ги споделуваме разузнавачките информации многу побрзо, не поради проблемот со тероризмот со кој членките (на НАТО) се судираат во Западна Европа“, изјави Фалон. Тој додаде дека владата веќе работи на спречување на протекување на тајни информации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче