Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат во првата декада на август во еден руски град, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
„Точно е, сега по дипломатски канали се подготвува средба на Путин и Ердоган. Се договоривме дека ќе се одржи во првата декада на август во Руската Федерација, но сѐ уште немаме решено кој град ќе биде тоа“, изјави Песков.
Портпаролот на Путин ги демантираше информациите дека средбата ќе се одржи во Баку.
„Во Баку ќе биде одржана трилатерална средба на претседателите на Русија, Азербејџан и Иран“, рече Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче