Германија благодарна на Шојгу

Претседателот на Народниот сојуз за грижа за воените гробишта на Германија и поранешен шеф на МНР Германија Маркус Мекел му се заблагодари на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу за сестраната помош и поддршката при реализацијата на потрагата и ексхумацијата на островите Титерсари и Гогланд во Балтичкото море.

„Благодарение на помошта на војниците од 90 посебен специјален баталјон за потрага на Вооружените сили на Руската Федерација, припадниците на Народниот сојуз на Германија успеаја да ги најдат останките на 30 загинати германски војници во Втората светска војна, од кои 11 останки се веќе идентификувани“, се вели во писмото адресирано до шефот на рускиот одбранбен ресор.

Мекел изрази увереност дека реализацијата на руско-германскиот меѓувладин договор за грижа за воените гробишта е голем придонес за развојот и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Исто така, претседателот на Народниот сојуз на Германија изрази надеж за продолжување на долгата и плодна соработка во иднина, особено во делот на реализацијата на заедничкиот руско-германски проект за потрага и дигитализација на архивските материјали „Советските и германските воени заробеници и интернирани“ врз основа на изјавата на министрите за надворешни работи на Руската Федерација и Федеративна Република Германија.

Мекел истакна дека овој проект има важно значење за народите на двете земји, затоа што служи за добри цели и за помирување, пренесува РТ на руски.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња