Турските власти ги уапсија двајцата пилоти кои го соборија во ноември минатата година рускиот бомбардер Су-24, соопшти агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на висок турски функционер.
Според информациите на Анкара, пилотите учествувале во обидот за државен удар што се случи ноќта во петокот спрема саботата. Властите сметаат дека организаторите на воениот удар се дел од Военото воздухопловство на Турција.
Нападот на турскиот ловец Ф-16 на Су-24 во ноември минатата година стана причина за кризата меѓу Москва и Анкара. Рускиот претседател Владимир Путин го нарече тоа „нож во грб“ од страна на помагачите на терористите.
Односите меѓу земјите почнаа да се обновуваат дури во јуни откако турскиот претседател Ердоган се извини за соборениот авион и загинувањето на пилотот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче