Русија и Турција нема да го обноват чартер превозот годинава, соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на извршниот директор на Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР) Маја Ломидзе.
Изданието пишува дека Ломидзе го изјавила ова на средбата со турската делегација која се одржала на 14 јули. Во текот на преговорите биле дискутирани прашања поврзани со безбедноста на туристите во одморалиштата. Страните се договориле Турција да достави список со места кои можат да бидат опасни за руските туристи.
„Барањата на руската страна и реакцијата на нив од страна на Турција работната група ќе ги сведе на еден документ, ќе ги разгледа и ќе ги имплементира“, ја цитира изданието Маја Ломидзе.
Таа исто така додаде дека побарувачката за одмор во Турција кај населението на Русија се намалила. Ова е поврзано со неодамнешниот обид за воен удар во земјата.
Без оглед на тоа, според Ломидзе, Русите кои веќе уплатиле за одмор во Турција, не се откажуваат од патување во оваа земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче