Министeрството за одбрана на РФ купува балони со очи на грабливки

Балоните ќе бидат користени за заплашување и растерување на птици од околините на аеродромите.

Министерството за одбрана на Русија планира да купи балони на кои се нацртани очи на птици грабливки за растерување на гулаби, чавки, клукајдрвци, врапци, се наведува во материјалот објавен на порталот за државни набавки.

„Робата... треба да има застрашувачко дејство на птиците, треба да растерува гулаби, свраки, чавки, клукајдрвци, ластовици и врапци. Балоните треба да користат обичен воздух“, пренесува „Взгљад”, повикувајќи се на документацијата за набавката.

На министерството му се потребни вкупно 432 такви балони. Почетната (максимална) цена на договорот е 475,2 илјади рубли (околу 6800 евра). Балоните треба да бидат испорачани најдоцна до 1 септември 2016 година. Понудите се примаат до 28 јули..

На проблемот со недоволната заштита на аеродромите од птици претходно укажуваше не само воениот ресор, туку и цивилните авиопревозници.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња