Лавров разговараше со Кери за политизацијата на спортот

Во вторникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров му го кажал на државниот секретар на САД Џон Кери своето мислење за антируските барања на Антидопинг агенцијата на САД на адреса на Меѓународниот олимписки комитет.

Како што се истакнува во соопштението објавено на сајтот на МНР РФ, разговорот се одржал по инцијатива на американската страна, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.

„Соговорниците дискутираа за конкретни чекори на Русија и САД насочени кон решавање на конфликтот во Сирија и потиснување на терористичките групи кои дејствуваат таму во согласност со договорот постигнат во текот на неодамнешната посета на Државниот секретар на Москва“, соопштува МНР РФ.

Во текот на телефонскиот разговор шефовите на дипломатиите на Русија и САД зборувале и за антируските барања на Антидопинг агенцијата на САД.

„Лавров исто така искажа сѐ што мисли за провокативните антируски барања на Антидопинг агенцијата на САД на адреса на Меѓународниот олимписки комитет. Кери се согласи со потребата да не се дозволо политизација на спортот“, се вели во соопштението на МНР РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња