Повеќе од 20 бродови и чамци на Црноморската флота ќе учествуваат на парадата што ќе се одржи во Севастопол во чест на Денот на Воено-морската флота на Русија. На истата првпат ќе бидат покажани најновите бојни бродови, соопшти началникот на одделот за информации на Црноморската флота Вјачеслав Трухачов, пренесува РИА „Новости“.
„Првпат на празникот ќе бидат претставени најновата фрегата „Адмирал Григорович“, современите мали ракетни бродови „Серпухов“ и „Зељониј Дол“, дизел-подморниците „Новоросијск“ и „Ростов на Дон“, изјави Трухачов.
На парадата и воено-спортскиот празник ќе учествуваат над 20 бојни бродови и чамци, десет помошни пловила и 30 единици техника на Крајбрежните сили на Црноморската флота.
Празничната манифестација ќе почне со свечено кревање на Андреевските знамиња и знамињата за означување на бродовите, подоцна ќе се одржи парада на бродовите во Севастополското пристаниште и воено-спортски празник.
Гледачите исто така ќе видат и парада на бродови и јахти со едра, „фонтани на вода“ и „валц на реморкери“ во изведба на пловилата за логистика на Црноморската флота. Празнувањето ќе заврши со концерт, фонтани на вода, артилериски плотун и панорамен огномет над акваторијата на Севастополското пристаниште.
Денот на ВМФ РФ се одбележува секоја година последната недела во јули.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче