АТОР го негира укинувањето на чартер летовите за Турција

Претходно весникот „Известија“ соопшти дека годинава нема да има чартер летови за Турција.

Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР) соопшти на својот сајт дека работата на обнова на авионскиот сообраќај со Турција сѐ уште се одвива, а информацијата во медиумите за укинување на чартер летовите не одговара на реалноста, пишува „Газета.ру“.

Според податоците на АТОР, Русите продолжуваат да резервираат тури за Турција, сепак не може да се реализираат продажбите поради политичката несигурност во земјата.

Бројот на заинтересирани за патување во Турција опадна по обидот за воен удар во просек за 5–20% во зависност од одморалиштето, соопшти АТОР. Аналитичарите сметаат дека ако чартер летовите бидат обновени кон крајот на јули-почетокот на август, тогаш до октомври бројот на Руси кои ќе заминат во Турција на одмор ќе достигне бројка од околу 100 илјади.

„Се надеваме дека во најскоро време ќе бидат објавени роковите за целосен редовен авионски сообраќај и роковите за забрана за организирање чартер летови“, изјави Маја Ломидзе, прв човек на АТОР.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња