Русија тестираше во Сирија дронови на хидрогенско гориво

Русија во текот на операцијата на Воздушно-космичките сили во Сирија тестираше нови беспилотни летала на хидрогенско гориво, изјави за РИА „Новости“ висок претставник на воено-индустрискиот комплекс.

„Оние беспилотни летата кои се применуваа во Сирија, не сите, но ги имаше навистина многу, летаа на хидрогенско гориво. Односно тие можат доволно долго да останат во воздух, преработувајќи го постојано водородот, давајќи му можност да моторот да ја пополнува енергијата“, изјави соговорникот на РИА „Новости“.

Според неговите зборови, сите тие беспилотни летала со успех се вратија во Русија. Сега се вршат испитувања како се однесувала техниката во услови на жешка клима и песочни бури.

Претходно експертите повеќепати истакнуваа дека операцијата на ВКС РФ во Сирија предизвика интерес за руското оружје и потенцијалните договори за негово купување можат многукратно да ги покријат расходите за сириската кампања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња