„Русија е заинтересирана за тоа нашите односи со сите земји во Европа и ЕУ да бидат засновани на принципи на рамноправност, заемна почит, полза и да бидат ориентирани на заедничките стратешки цели на сите земји на нашиот заеднички континент“, изјави Лавров на прес-конференцијата по завршувањето на разговорите со министерот за надворешни работи на Португалија Агусто Сантос Силва.
Според зборовите на Лавров, во ЕУ „разбирањето на безалтернативноста на „таквиот пристап“ го пробива патот“.
„Од овие позиции им приоѓаме и на нашите односи со Северноатлантската алијанса. Подготвени сме за сериозна заедничка работа по прашањата за воено-политичката безбедност во Евроатлантикот и Европа... Неодамна на состанокот на Советот Русија-НАТО РФ ја потврди својата подготвеност на рамноправна основа да го обновиме дијалогот меѓу војските... Несомнено, за соработка не придонесува зголемувањето на активноста на НАТО на нашите граници. Сакам да потенцирам во врска со ова дека РФ секогаш ќе може да ги заштити своите интереси и да ја осигура безбедноста на своите граѓани“, истакна Лавров, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче