Француски парламентарци бараат Украина да ги укине антируските санкции

Делегација на францускиот парламент ќе отпатува во Киев на состанок со пратениците во Врховната рада на 18 јули и, како што е најавено, ќе бараат од своите украински колеги да се откажат од санкциите против Русија.

Примирјето во Донбас не се постигнува заради вина на Москва, туку на Киев, велат француските пратеници, а во текот на состанокот со украинските колеги ќе бараат и укинување на антируските санкции. Француските сенатори се надеваат на успех на оваа мисија.

„Минскара спогодба“ денеска не може да се исполни по вина на Киев, а не на Москва, на што укажува и Европската унија. Украина не може да ја реализира уставната реформа и на крајот на краиштата да организира избори во Донбас“, ги пренесува Мк.ру зборовите на членот на комитетот за меѓународни прашања на Националното собрание на Франција Тјери Маријани.

„Јас сум категорично против санкциите. Тие не донесоа ништо, не се подобрени односите со никого и не резултираа со ништо. Ние во комитетот за меѓународни работи се залагаме за укинување на санкциите. Јас сум член на Групата за пријателство со Украина во Националното собрание на Франција, но исто така ја почитувам и Русија“, рече пратеникот Франсоа Рошеблуан.

Претходно беше соопштено дека властите на Украина изјавиле дека е неопходно да се заострат антируските санкции и дека се обратиле со тој предлог до Долниот дом на британскиот парламент и до Сенатот на Канада.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња