„Блумберг“ ја наведе идеалната цена на нафтата за реформи во Русија

Ако еден барел сурова нафта „Брент“ падне до 40 долари или помалку, тоа ќе биде поттик за реформи во Русија и нема да го дестабилизира финансискиот систем на земјатам, пишува агенцијата „Блумберг“.

Ако еден барел сурова нафта „Брент“ падне до 40 долари или помалку, тоа ќе биде поттик за реформи во Русија и нема да го дестабилизира финансискиот систем на земјата. Ова е заклучокот на економистите анкетирани од агенцијата „Блумберг“.

Агенцијата потсетува дека при ниските цени на нафтата во Русија беше воведен данок со рамна стапка, беше создаден фонд за стабилизација. Повеќе од 10 години на континуиран раст на цените на нафтата ѝ донесоа на Русија 2,1 трилиони долари, констатира „Блумберг“. Притоа во последните осум години руската економија растеше не повеќе од пет отсто на годишно ниво, а падот се случи во последните две години.

Евтината нафта ги принудува руските власти да спроведуваат реформи, вели главниот економист на „Банката на Америка Мерил Линч“ (Bank of America Merrill Lynch) за Русија и ЗНД Владимир Осаковски. „Секој пат кога цените на нафтата беа ниски, кај владата се појавуваше тенденција за реформи“, смета тој. Поради падот на цените на нафтата на најниско ниво од 2004 година историската перспектива укажува на транзиција кон полиберална политика, вели економистот.

Досега кризата создаде малку поттик за такво сценарио, пишува „Блумберг“. Руската влада дејствуваше претпазливо, незначително коригирајќи ја економската политика и отфрлајќи ги повиците за спроведување пошироко реструктуризација на системот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња