ОКР:повикот за исфрлање на РФ од ОИ 2016 противречи на олимписката повелба

„Ако Олимпијадата ја пропушти еден од нејзините клучни учесници, тоа во секој случај ќе остане во историјата на олимпиското движење како негативен фактор на развој“, изјави првиот човек на Комисијата на спортисти на Олимпискиот комитет на Русија Олга Брусникина.

Активностите на антидопинг агенциите од десет земји и 20 групи спортисти кои, наводно, имаат намера да постигнат исклучување од Олимписките игри во 2016 на целиот руски национален тим, се спротивни на основните принципи на Олимписките повелба. Вакво мислење за ТАСС искажа шефот на комисијата за спортисти на Олимписки комитет на Русија (ОКР), Олга Брусникина.

„Во тој случај, ако информациите во медиумите се точни, постапките на овие земји противречат на Олимписката повелба. Јас не знам какви конкретни докази ќе се содржат во извештајот на Мекларен по повод антидопинг прекршоците на руската репрезентација на Олимпијадата во 2014 година. Но, повторувам, праксата покажува дека не постои земја во светот која нема своја историја со допинг. И ако во такви ситуации настапува колективна одговорност, тоа претставува чиста дискриминација на индивидуалните чисти спортисти кои имаат право да настапуваат на Олимпијадата“, истакна Брусникина.

Шефицата на комисијата за спортисти при ОКР смета дека претставниците на Русија не треба да подлегнат на провокациите. „Сите треба да го истрпиме тоа и да го издржиме, нема друг начин“, потенцираше Брусникина. „Сега нѐ провоцираат на реакција, за Русија сама да донесе одлука да ја прескокне Олимпијадата. Токму на ова не смееме да подлегнеме“.

„Убедена сум дека ако Олимпијадата ја пропушти еден од нејзините клучни учесници, тоа во секој случај ќе остане во историјата на олимпиското движење како негативен фактор на развој на ова движење. Силно се надевам дека претседателот на Меѓународниот олимписки комитет многу добро го разбира ова“, додаде таа.

На 18 јули ќе биде објавен извештајот на независната комисија на Светската агенција за антидопинг (WADA) со која претседава канадскиот адвокат Ричард Мекларен за исходот на истрагата во врска со обвинувањата за допинг на Олимписките игри 2014 во Сочи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња