Списанието „Национален Интерес“ предвидува каква ќе биде рамнотежата на воената сила до 2030 година, кога најголемите армии на светот ќе се адаптираат на промените на карактерот на борбените дејствија.
Од завршувањето на студената војна, фокусот на воените операции е изместен, истакнува изданието. Денес релативно ретко се среќаваат ситуации кога во борба за територија се судираат две доктринарно и технолошки слични една на друга воени сили. Подготовката за водење борбени дејствија во таков план како и претходно е важна, но во прв план постепено доаѓаат контрабунтовнички и полициски операции.
Во основата на методологијата на рејтингот лежат три прашања: дали армијата има пристап до домашните ресурси (вклучително и до иновативната технолошка база), дали има доволна поддршка од политичките власти (која притоа не би ја лишила армијата од независност од власта) и дали има можност да врши тестирања на иновативни креации во реални услови.
Така, во првите 5 армии на светот списанието ги вбројува армиите на Русија, САД, Кина, Индија и Франција.
За руската армија „Национален Интерес“ пишува дека по завршувањето на студената војна, војската морала да помине тежок период на трансформација и да го обнови својот пристап до ресурсите. Во услови на економски пораст таа добила прилив од инвестиции, а реформите на елитните сили во разни периоди ѝ овозможиле на Русија да спроведе две успешни операции во Чеченија и Јужна Осетија.
Во иднина копнените сили можат да се соочат со проблеми во пристапот до технологиите на рускиот воено-индустриски комплекс кој штотуку се обновува по распадот на СССР и советската одбранбена индустрија, смета списанието. Впрочем, армијата на Русија уште долго ќе ги задржи своите предности – големината и психолошката сила на војниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче