Медиум: десет земји бараат отстранување на Русија од Олимпијадата во Рио

Отстранување на целата репрезентација на Русија од учество во Олимписките игри во Рио де Жанеиро бараат претставниците на антидопинг институциите на 10 земји и 20 групи спортисти, соопшти во саботата вечерта во својата електронска верзија весникот „Њујорк Тајмс“.

„Претставници на антидопинг институции на барем 10 земји и 20 групи спортисти подготвуваат екстремен потег со барање да се отстрани целата руска делегација од летните Олимписки игри во врска со обвинувањето за државна допинг програма“, се вели во материјалот кој се повикува на „добиена електронска преписка што ја добило изданието“.

Во статијата се истакнува дека тоа се антидопинг институциите на САД, Германија, Шпанија, Јапонија, Швајцарија и Канада. Според информациите на весникот, „над дваесет групи спортисти ги претставуваат спортистите од целиот свет“.  

„Антидопинг функционерите и спортистите имаа намера да извршат притисок врз Меѓународниот олимписки комитет во понеделник – помалку од три недели до отворањето на Игрите во Рио“, се вели во материјалот.

Исто така во статијата се соопштува дека „тие (поборниците за отстранување на РФ од Игрите) очекуваат истрага за обвинувањата објавени во мај во „Њујорк Тајмс“ за државна допинг програма на Олимписките игри 2014 година во Сочи“, со кои истапи поранешниот раководител на Московската антидопинг лабораторија Григориј Родченков.

Според електронското писмо што го добил весникот „Њујорк Тајмс“, извршниот директор на Институтот за национални антидопинг организации Џозеф де Пенсје во петокот ги повикал сите национални антидопинг агенции кои се членки на институтот да го потпишат наведеното барање. На пример, де Пенсје смета дека е многу веројатно извештајот на Светската антидопинг агенција (WADA) дека ќе го потврди тоа што ќе стане еден од најголемите допинг скандали во историјата. Според неговите зборови, тоа ќе стане „момент на раздвојување“ за „чистиот“ спорт.

Од својата страна, директорот на Американската антидопинг агенција (USADA) Тревис Тајгарт во саботата во интервју за „Њујорк Тајмс“ изјави: „Ние не го бараме најлошото и во принцип се надеваме дека допингот нема да излезе на ниво на држави. Сепак, ако не се подготвиме за сите можни резултати, ние нема да ги исполниме нашите обврски пред чистите спортисти“.

Притоа, како што се потенцира, Тајгерт и другите антидопинг функциониери изјавиле дека не го виделе извештајот на комисијата на WADA.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња