Пушков раскажа што го очекува Ердоган по обидот за воен удар во Турција

Власта на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по обидот за државен преврат само ќе се зацврсти, смета шефот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков.

„Претпоставувам дека од овој конфликт Ердоган ќе излезе значително посилен. Во армијата и нејзиното раководство ќе се спроведе природна чистка за откривање и отстранување од нејзините редови на приврзаниците на државниот удар. Армијата го поддржа Ердоган, а несигурните елементи сега ќе бидат отстранети од неа. Затоа неговата лична власт, на мој поглед, само ќе се зацврсти“, изјави Пушков за РИА „Новости“.

Што се однесува до надворешната политика, фактот што Ердоган останува на власт, најверојатно значи дека договорите, постигнати со Русија, пред сѐ ќе останат, јас не гледам основа според која Анкара би можела да се откаже од нив. И мислам дека корекциите кои Ердоган постепено почна да ги воведува во надворешната политика за да ги обнови односите со Русија, и со соседните земји со кои Турција има посложена фаза на односи, таа линија ќе биде продолжена“, истакна парламентарецот.

Според мислењето на Пушков, тоа ќе ја зацврсти власта на Ердоган и тенденциите кои тој ги претставува во политичкиот и општествен живот на Турција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња