Превратот во Турција: циркуска претстава за Ердоган

Со еден збор, некаков „непреврат“. Имитација. Симулакрум. А целиот профит го собра стариот лисец Реџеп Таип Ердоган.

Настаните во Турција беа како ноќен ураган, со контрадикторни информации, хаотични, но некои заклучоци веќе може да се изведат...

Првото нешто што влегува во очите на сите оние кои колку-толку се запознаени со историјата на Турција - да, успевала да победи турската војска во тимските спортови „преземање на власта“, да, успевала. Во 1960, 1971 и 1980 година, била многу пофикасна. Во исто време, се случувало некаков некаков неуспеше обид – напад врз рубљата, а удар за копејката. И бројот на војници кои учествувале во бунтот се покажа како многу ограничен, и со нив командуваше (колку што во моментов може да се дознае) не група од влијателни највисоки армиски редови, ами некое потполковниче - Мухарем Косе. Недостојно, недостојно...

Второ - нелогичните, глупави акции на „востаниците“. Кој ѓавол им требаше со тенкови да го гранатираат празниот турски парламент?! Ноќе?! Да си ја покажат храброста?!! Зошто се бунтовничките хеликоптери отвориле оган врз владините згради - вклучувајќи го и седиштето на Националната разузнавачка служба и канцелариите на сателитскиот систем „Турксат“? Таквите згради не се гранатираат, ами се заземаат. А зошто не ги зазедоа? Мојот одговор е – едноставно немало луѓе. А неколку бунтовници не се осмели да влезе во тврдината на разузнавачите, само од хеликоптерот беше стрелано. Општо земено, пишуваат дека страшните револуционери ги имало само 500 луѓе...! Нецел баталјон. Претседателската палата се обиделе да ја заземат... 13 луѓе! Тринаесет! Претседателската палата!!

Трето – НИТУ ЕДЕН ОД МЕДИУМИУТЕ не објави барања на бунтовниците или нивна програма. Не, навистина, ниту еден. Никакви слогани, манифести, програми, флаери - глупаво е како некакви вооружени психовци почнува да ги тероризира Анкара и Истанбул, дури и да не се обидуе да ги објасни своите акции. Се разбира, на народот му скисна и не им изрази никаква поддршка.

Четврто - благиот мирис на бунтовничкото друштво. Пишуваат дека повеќе од сто „револуционери“ се уапсени. Таквите размери на предавање на оние кои наводно не знаеле во што се впуштаат, кажува дека војниците не гореле од желба да умрат без да знаат за што и за кого.

Петто – Ердоган е во „чоколадо“. Не, не е само чоколадо, ами во огромна свадбена торта. Само погледнете каков е тој јунак, храбар човек и со цврста рака - и пред луѓето на аеродромот во Истанбул лично излезе да изјави дека „останува со својот народ“, и со помош на чудо ја избегна смртта по нападот на бунтовниците на хотелот од каде тој „буквално пред една минута излезе“. Луѓето треба да плачат, да жалат и да ги фрлаат фесовите во воздух. Рејтингот, сам по себе, ќе ја пробие највисоката граница.

Шесто - Ердоган веднаш го обвини за настаните Фетула Ѓулен, опозициски  емигрант кој избега по една караница со Ердоган во САД. Ѓулен, вистина, веднаш се откажа од каква било поддршка на бунтовниците, но официјалната точка на гледање на Анкара е: тоа е Ѓулен, и не е исклучено дека зад него стојат поддржувачите на исламизацијата на Турција. „Независно од тоа кон какви меторди ќе прибегнат тие, што и да направат, ќе кажам дека Турција повеќе не е каква што беше порано. Методите на дејствување на новата Турција се поинакви. И ние правиме чекори со користење на овие методи. Поддржувачите на превратот треба да знаат дека ние нема да отстапиме од предвидениот пат, дури и ако треба да го дадеме својот живот за тоа“ - Ердоган. Јасен камен во градината на верските конзервативци.

Значи, тука се фактите што се гледаат на прв поглед. Какви заклучоци можат да се изведат? Повторно, по точки.

- Ако војската подобро го подготвеше својот заговор, тој, најверојатно, ќе успееше. Еден пример за ова - многубројните успешни воени удари во Турција во минатиот век;

- Во формата во која се случуваше овој преврат, тој немаше шанси за успех. , Воопшто. Никакви. Дури ни случајни. 500 луѓе можеа да бидат спречени од личното обезбедување на претседателот;

- Обвинувањето за организирање државен удар не за одредени поединци во рамките на турската елита, ами на Ѓулен „Голдштајн“, кој, како во романот „1984“, ѓаволски стои зад сите интриги и саботажи, вели дека вистински бунтовници... немало?

- По сѐ што се случи, Ердоган ги има сите шанси да му „продаде“ на преплашениот народ нова форма на владеење – жестока претседателска република, со што конечно ќе ги врзи сите конци на власта за себе и ќе стане апсолутен автократ. Заради тоа, најверојатно, беше направено сево ова. Бунтовничкиот баталјон беше искористен „на слепо“, без да разберат самите војници што прават, и затоа активно се предаваа некаков посебен отпор.

Со еден збор, некаков „непреврат“. Имитација. Симулакрум. А целиот профит го собра стариот лисец Реџеп Таип Ердоган, пишува Григориј Игнатов во „Новинарски весник“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.