Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган стои во мавзолејот на основачот на Турција Мустафа Кемал Ататурк во Анкара.
AP„Во Турција војската во време на криза традиционално ја преземаше одговорноста. Така беше во 1960 година, 1971 година, 1980 година, важни настани се случија и во 1997 година. Меѓутоа, кога на власт дојде Реџеп Ердоган, тој почна систематски да ја „чисти“ армијата од нелојалните луѓе, при што не од нему лично нелојалните, туку од луѓе кои имаат различни ставови од неговите, односно од поддржувачите на секуларна Турција според моделот на Ататурк. И тоа траеше последните десет години. На местата на тие луѓе Ердоган поставуваше нему лично лојални партиски луѓе или луѓе од специјалните служби. Во исто време, во армијата силно се воведуваа нормите на исламот. На пример, порано еден турски војник кој не пие виски и не јаде свинско месо беше апсурд, а денес е сосема поинаку. Сѐ на сѐ, Ердоган не губеше време и неговата победа беше очекувана“, изјави Пухов во интервју за „Комерсант”.
Превратот сепак му покажа на Ердоган дека турското општество е длабоко поделено, смета експертот. „Тој сфаќа дека дури и неуспешниот државен удар покажува дека неговата политика (како меѓународната, така и домашната) ја доведе земјата на работ на граѓанска војна. Всушност, ја доведе земјата до катастрофа“.
„Сосема е очигледно дека Турција како геополитички фактор всушност привремено испадна од играта. Кога имате немири во земјата (дури и потиснати), јасно е дека повеќе не се грижите за претходно најавената интервенција во Сирија. Ниту, пак, за фактот дека ги поддржувате Татарите на Крим. Ниту да ѝ донирате на армијата во Украина. Повеќе не ви е ни до тоа дека ги поддржувате Азербејџанците за да им напакостите на Ерменците. Тешко дека ќе ви успее да испраќате агенти на Северен Кавказ, бидејќи за тоа ќе дознаат руските специјални служби и ќе добиете сериозен одговор“, ја коментира експертот позицијата на Турција на меѓународната сцена по неуспешниот државен удар.
Тој смета дека во односите со Русија турското раководство ќе биде попопустливо и поподготвено за договор. „Турците многу години го „мачеа“ „Лукоил“, кој на крајот мораше да ја напушти земјата. Тие го уценуваа „Гаспром“ и нашите нуклеарни стручњаци ги држеа во неизвесност, иако условите за изградба на нуклеарната централа „Акују“ беа неверојатно поволни. (...) Турските власти си играа со нашите нерви. Сега повеќе нема да им сакаат да го прават тоа“, смета експертот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче