Захарова: Власта е одговорна за антируската политика на Црна Г

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ настојува да ги скара Москва и Подгорица и ги уништува традиционалните пријателски односи помеѓу двете земји, изјави на редовниот брифинг за новинарите Марија Захарова.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на РФ Марија Захарова изјави дека рускиот надворешнополитички ресор е запознаен со изјавите на Мило Ѓукановиќ за „руската пропаганда“ која, како што нагласува црногорскиот премиер, им е упатена на оние кои се заглавени во минатото.

„Слушнавме идеи кои ни се познати од изјавите на лидерите на земјите членки на НАТО за тоа дека просторите што ги немаат пополнето Европската Унија и НАТО ќе ги заземат други сили. Под други сили се подразбира Русија или радикалниот ислам“, рече Захарова.

По ваквите изјави одговорноста за антируската политика на Црна Гора во целост ја носи власта во Подгорица, рече Захарова, а пренесува порталот Звезда.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња