Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е подготвен да соработува со сите политички сили кои ќе влезат во составот на идната Државна Дума, пренесува Интерфакс.
Според Путин ова е потребно за решавање на проблемите што постојат во земјата. „Доколку постои разлика во приодите (...) ќе бараме компромиси, ќе ги бараме најефикасните решенија“, подвлече претседателот.
Вчера шефот на државата изјави дека во Русија е зголемено нивото на политичката култура. Тој, исто така, потсети дека на прво место за пратениците треба да бидат интересите на граѓаните за кои тие работат.
Изборите за новиот состав на Државната Дума, седми по ред, ќе се одржат на 18 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче