Путин ја констатира подготвеноста на Обама за партнерство со Русија

Последните телефонски преговори со претседателот на САД Барак Обама ја покажаа неговата подготвеност за партнерство со Русија. Ова, како што соопштува РИА Новости, го изјави претседателот на РФ Владимир Путин на средбата со државниот секретар на САД Џон Кери.

„Последниот разговор со претседателот Обама ме убедува дека ние навистина искрено се стремиме не кон самиот процес на соработка, кон неговото воспоставување, ами и кон постигнување на нашите резултати“, изјави Путин, акцентирајќи ги заедничките заложби на Русија и САД за смирување на конфликтите.

Путин уверува дека Русија и во иднина ќе работи на ослободувањето на граѓаните на САД во Сирија. „Сметаме и на тоа дека доколку се појави неопходност и американската страна ќе ни одговори со иста таква конструктивна работа“, ги пренесува зборовите на рускиот претседател новинската агенција Интерфакс.

Од своја страна Кери изрази надеж за постигнување прогрес во преговорите за Сирија. „Се надеваме дека ќе биде постигнат вистински прогрес кој ќе биде мерлив, прогрес кој навистина ќе може да се реализира – станува збор за Сирија“, ја пренесува ТАСС изјавата на Кери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња