ММФ ја потсети Украина за долгот кон Русија

Меѓународниот монетарен фонд во текот на разгледувањето на можноста за доделување нова транша помош, ќе го земе предвид и фактот дека Украина ги нема исплатено средствата што ѝ ги должи на Русија.

Меѓународниот монетарен фонд засега не располага со нови документи кои би покажале регулирање на задолженоста на Украина кон Русија. Советот на фондот ќе го земе предвид овој момент при разгледувањето на прашањето за доделување на Киев нова транша финансиска помош, изјави претставникот на ММФ Џери Рајс, а пренесува РИА Новости.

„Во врска со долгот не постојат нови материјали за ова прашање, но тоа ќе биде еден од аспектите при дискусијата во рамките на советот“, изјави Рајс,

На почетокот на мај претседателот на Украина Петро Порошенко го потпиша законот за воведување мораториум на неопределено време за исплата на долговите што земјата ги има кон Русија.

Во Киев велат дека ја имаат предвид позицијата на ММФ кој настојува на враќање на долгот на Украина кон Русија, што е и еден од условите за продолжување на програмата за финансиска помош. Во исто време, властите во Киев велат дека не можат да го вратат долгот.

Во јануари годинава, пак, украинското Министерство за финансии изрази подготвеност за преговори со Русија за реструктуризација на долгот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња