Валуев ќе стане водител на „Добра ноќ, дечиња“

Поранешниот професионален боксер Николај Валуев, кој се натпреваруваше во супертешка категорија, ќе стане водител на емисијата „Добра ноќ, дечиња!“, на телевизискиот канал „Русија 1“.

„Не можев да го одбијам предлогот за водење на таква емисија, оваа емисија сите ја гледаа, децата чекаа да дојде вечер. Денеска ги снимивме првите четири емисии кои ќе се емитуваат во август. Засега не сум подготвен за почесто појавување во програма – имам многу работа. Мислам дека со ликовите кои сите ги сакаат од детство – Хрјуша,  Степашка, Каркуша, ќе ми биде полесно да им ја пренесам вредноста на здравиот начин на живот, занимавањето со спорт“.

Валуев смета дека во таквите детски емисии треба почесто да се прикажуваат анимирани филмови за спортот: „Ми се чини, би било умесно во овие емисии да се прикажуваат цртани филмови за спортот – имаме многу такви, уште од советско време. А за патриотско воспитување ќе помогнат цртаните за руските јунаци“.

Валуев нанастапуваше во професионалниот бокс од 1993 до 2009 година. Во текот на својата кариера имаше 53 борби од кои победи во 50 (34 со нокаут). Валуев беше светски шампион во супертешка категорија во верзијата на Светската боксерска асоцијација (WBA) од 17 декември 2005 година до 14 април 2007 година и од 30 август 2008 до 7 ноември 2009. Од 2011 година тој е пратеник во Државната дума од редовите на партијата „Единствена Русија“, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња