Државниот ракетен центар „В.П. Макеев“ (ГРЦ) ќе почне со работа над новата руска балистичка ракета, пишува весникот „Известија“ повикувајќи се на генералниот директор и главен конструктор на центарот Владимир Дегтјар.
ГРЦ веќе добил државен договор за реализација на експериментално-конструкторска работа за создавање нова ракета.
„Во моментов реализираме неколку договори со Министерството за одбрана за изработка на копнени и поморски балистички ракети. Тоа е новата тешка балистичка ракета „Сармат“ за обнова на копнените сили, како и експериментално-конструкторски работи на нов мотор“, изјави Дегтјар.
Според информациите на „Известија“, можно е да се работи за новата поморска балистичка ракета која треба да ја замени ракетата „Булава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.