Москва го предупреди НАТО за последиците од активностите во Црното море

На состанокот на Советот Русија-НАТО се дискутирало и за ситуацијата во Црното море, соопшти постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко.

Русија на состанокот на Советот Русија-НАТО ја предупредила Алијансата за негативните последици од неговата воена активност во црноморскиот регион, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО  Александар Грушко.

„Го дискутиравме тоа прашање, дискутиравме за Црното море. Рековме дека сметаме дека секој пораст на воената активност на земјите од НАТО во црноморскиот регион ја дестабилизира ситуацијата и не придонесува за безбедноста во регионот“, изјави Грушко, пренесува РИА „Новости“.

Претходно НАТО и Украина, во заедничка изјава во текот на самитот на Алијансата во Варшава, изразија загриженост поради плановите на Рсија за зголемување на военото присуство во регионот на Црното море.

Москва, од своја страна, потенцираше дека Русија како одговор на засилувањето на поморските сили на НАТО во Црното море ќе стори сѐ за да не биде нарушен балансот на силите во регионот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња