Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ги објави на својот сајт списоците со спортисти кои ги исполнија олимписките норми и се пласираа за Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро.
На списоците влегоа и атлетичари од Русија.
Сепак, руските спортисти се отстранети од меѓународните турнири поради дисквалификацијата на Серуската атлетска федерација (ВФЛА). На 2 јули Олимпискиот комитет на Русија и 68 атлетичари поднесоа тужба до Судот за спортска арбитража (CAS) која ќе биде разгледана на 19 јули.
На списокот на ИААФ спортистите, кои ја чекаат одлуката на CAS, се истакнати одделно: нивното учество во Олимпијатада 2016 зависи од одлуката на судот. Притоа до имињата на руските атлетичари не е наведена нивната националност.
Засега на списокот на ИААФ влегоа само двајца претставници од Русија кои ќе можат да учествуваат во Игрите независно од одлуката на судот: Дарја Клишина и Јулија Степанова. Клишина доби можност да учествува како неутрален атлетичар, а Степанова, која беше информатор на WADA во допинг-скандалот, доби шанса за учество со посебна покана, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче