Добивката на руските кредитни организации за првото полугодие од оваа година пораснала за седум пати во споредба со истиот период од минатата година – од 51 милијарда рубли (805 милиони долари) на 360 милијарди рубли (5,7 милијарди долари), соопштува „Рамблер Њуз Сервис“ повикувајќи се на податоци од Централната банка на Русија.
Обемот на влогови на физички лица од почетокот на годината се намалил за 0,7% - на 23,06 милијарди рубли (372,7 милиони долари). Притоа во споредба со јуни месец од минатата година тој во 2016 година пораснал за 15,9%.
Активите на руските банки во јуни во споредба со мај се намалиле за 0,7% - на 79,5 милијарди рубли. Намалувањето на банкарските активи од почетокот на годината изнесува 4,2%. Во споредба со јуни минатата година активите на банките пораснале за 8,2%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче