Асад: Учеството на Русија ја промени ситуацијата во Сирија

Сирискиот лидер Башар Асад смета дека основен проблем на САД е недоволното искуство на американските претседатели во надворешната политика.

Учеството на Русија ја промени ситуацијата во Сирија, изјави во интервју за телевизијата Ен-Би-Си претседателот на Сирија Башар Асад.

„Прашав што ја промени ситуацијата во Сирија. „Русија“, одговори тој без колебање“, напиша на својот Твитер кореспондентот Бил Нили кој го интервјуираше во Дамаск сирискиот лидер.

Асад исто така изјави дека се надева дека ќе остане во историјата како заштитник на својата земја од тероризмот и интервенцијата. Според него, тој се стреми да го зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Покрај тоа, сирискиот лидер смета дека основен проблем на САД е недоволното искуство на американските претседатели во надворешната политика.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња