Захарова: Русофобијата на полските власти преминува во национална омраза

Марија Захарова реагираше на изјава на полскиот министер за одбрана.

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова ја коментираше на својот Фејсбук изјавата на министерот за одбрана на Полска Антони Мацеревич кој ја нарече Русија виновник за Волинскиот масакр.

Според нејзините зборови, таа би сакала да ја праша Варшава дали министерот за одбрана го кажал официјалниот став на Полска или својот личен став, како и „дали има историски настани или природни појави за кои Русија не е виновна?“.

„Нема ли страв дека, молчаливо поттикнувајќи такви шовинистички изрази, полското раководство од домашна русофобија незабележливо преминува на разгорување на национална омраза“, потенцира Захарова.

На 11 јули Мацеревич во интервју за локалните медиуми изјави дека Русија „ги искористила“ украинските националисти за геноцид врз Полјаците. Тој додаде дека токму Русија била „вистинскиот непријател“ на Полска, пишува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња