Стејт департмент: Позициите на САД и Русија за Сирија не се многу различни

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека не смета дека позициите на САД и Русија за решавање на сириската криза се многу различни.

„Ние ги потпишавме коминикето и резолуциите на СБ ООН (за Сирија). Русија е копретседавач со Целната група за прекин на огнот на Меѓународната група за поддршка на Сирија“, истакна Кирби.

Кирби потенцираше дека „консултациите меѓу САД и Русија за Сирија се одржуваат на дневна основа“, пренесува „Взгљад“.

Претходно Стејт департментот ја најави посетата на државниот секретар Џон Кери на Москва на 14-15 јули.

Кирби соопшти дека во Москва Кери ќе дискутира за следната етапа од решавањето на сириската криза.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња