Русија работи на бомбардер за нуклеарни напади од вселената

Хиперзвучниот стратешки бомбардер, способен за нанесување удари со нуклеарно оружје од вселената се разработува во Русија, соопшти потполковник Алексеј Солодовников, предавач во филијалата на Воената академија на Ракетните сили за стратешка намена.

„Замислата е следнава: тој ќе полетува од обични аеродроми, ќе патролира во воздушниот простор, по команда ќе полета во вселената, ќе ја исполни задачата за нанесување удари, вклучително и со нуклеарно оружје, о се враќа назад на својот аеродром. Тоа е стратешки авион“, изјави Солодовников, кој го изработи моторот за идниот авион.

Тој додаде дека авионот ќе има широки можности и ќе може за еден до два часа да достигне до секоја точка на планетата преку излегување во вселената.

„Мислам дека стартната маса ќе биде од 20-25 тони, за да може да биде јуришен. Се планира да биде хиперзвучен авион со ракетен режим“, истакна Солодовников и додаде дека рокот за пробниот примерок е до 2020 година, пренесува „Взгљад“.

Меѓутоа во средата командантот на Ракетните сили за стратешка намена генерал-полковник Сергеј Каракаев соопшти дека во серпуховската филијала на Воената академија на РССН „Петар Велики“ бил направен и тестиран комбиниран мотор со чија помош авионите ќе можат да летаат и во атмосферата и во поблиската вселена. Се планира моторот да биде претставен на меѓународниот воено-технички форум „Армија 2016“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња