Лидерите дискутираа за ситуацијата во Украина. Путин изразил загриженост во врска со интензивното гранатирање на населението на Донбас од страна на украинските сили.
„Претседателот на Русија ја акцентираше безалтернативноста на политичко-дипломатското регулирање на внатрешниот украински конфликт во согласност со одредбите на Минскиот пакет-мерки“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, во разговорот била потенцирана неопходноста од целосна и директна реализација на „Минската спогодба“ од 12 февруари 2015 година и е истакната важноста од недопуштање на понатамошна ескалација на ситуацијата. Тие исто така го потврдија заедничкиот интерес за активирање на преговарачките напори, пред сѐ во „Нормандиски формат“ и по линија на Контакт-групата.
Исто така, тие разменија мислење по повод самитот на НАТО во Варшава искажаа заемна заинтересираност за контруктивен дијалог и конкретни мерки насочени кон зајакнување на довербата меѓу Русија и Алијансата.
Ова е веќе втор телефонски разговор меѓу лидерите на трите земји во една недела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче