Медиум: Кери доаѓа во Москва со „последен предлог“ за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери доаѓа во Москва со нови предлози за координирање на дејствијата во Сирија, пишува „Вашингтон Пост“, а „Њујорк Тајмс“ додава дека тоа може да биде последниот предлог од страна на актуелната американска администрација.

Џон Кери ќе му предложи на руското раководство формирање група за размена на оперативни и разузнавачи информации за подобро следење на терористичката група „Џебхат ан Нусра“.

Покрај тоа, Кери наводно ќе предложи воздухопловните сили на САД и РФ да го синхронизираат бомбардирањето на позициите  на „Исламската држава“.

Тоа би овозможило да се избегнат конфликти при спроведувањето на воените операции, пишува „Вашингтон Пост“. Во замена за тоа од Русија се очекува да врши притисок на властите во Сирија.

Според информациите на „Њујорк Тајмс“, мисијата на Кери може да биде последниот предлог до Москва од актуелната американска  администрација во врска со Сирија. Џон Кери, пишува весникот, ќе се обиде да се избори за прекин на вооружените судири во Сирија и почеток на политичкото решавање на прашањето за промена на власта. Во замена за тоа ќе ѝ предложи на руската страна проширување на воената соработка и размена на разузнавачки информации.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња