На состанокот на Советот Русија-НАТО воената алијанса треба да ја убеди Москва во неагресивноста на својата политика, изјави шефот на Комитетот на Бундестагот за надворешна политика Норберт Реттген во интервју за „Редактионснецверк Дојчланд“ (RND).
„НАТО треба да ја искористи можноста да ѝ ги претстави и објасни директно на руската страна одлуките донесени во Варшава“, изјави политичарот.
Според него, за никаква „спирала на воена ескалација“ од страна на Алијансата не може да стане збор. Зголемувањето на бројноста на силите на Алијансата на источните граници кои тој го смета за „умерено“ е реакција не на постапките на Русија, туку на „емоционалната состојба во балтичките земји и Полска“.
„Одлуката на НАТО е повеќе порака до своите сојузници отколку порака до Русија“, го објаснува Реттген својот став.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче