Меркел би сакала да ги укине санкциите против Русија

Канцеларката на Германија Ангела Меркел чека сите страни во конфликтот во Украина да постигнат компромис.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел смета дека е неопходно да се постигне согласност меѓу Европската унија и Русија која би довела до укинување на економските санкции. Ова таа го изјави на настан организиран од Христијанско-демократската унија во комуната Цингст, пренесува „Лента.ру“.

„Сите сакаме добри односи со Русија“, потенцираше таа, објаснувајќи дека многумина би сакале да се укинат економските санкции против Москва. „Јас и самата би го сакала тоа“, додаде канцеларката.

Исто така Меркел ја допре темата за украинската криза, потенцирајќи дека „интензивно работи на постигнување напредок“ во таа насока.

„Но ние исто така сакаме Украинците повторно да добијат пристап до својата граница“, додаде таа. Според неа, таа поради тоа чека сите страни во конфликтот на истокот на Украина да појдат на компромис.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња