Медиум:Новите односи со Русија за Турција значат 5 милијарди долари годишно

Обновата на односите со Русија на Турција ќе ѝ донесе 10 милијарди долари во наредните две години, пишува турскиот весник „Хуриет Дејли Њуз“.

Воспоставувањето на односите со Русија ќе ѝ донесе на Турција дополнителни десет милијарди долари во наредните две години, пишува весникот  „Хуриет Дејли Њуз“ повикувајќи се на извештај на компанијата „Ата Инвест“ (Ata Invest).

„Благодарение на брзото подобрување на туристичките и трговски односи со Русија Турција ќе ѝ обезбеди на својата економија дополнителен прилив во износ од околу 4,5-5 милијарди долари годишно, односно вкупно 10 милијарди долари приход за две години“, се вели во извештајот.

Авторите на извештајот истакнуваат дека Турција се наоѓа во еден од најопасните региони на светот и дека во нејзината историја немало мирен период уште од времето на војната во Персискиот залив. Притоа за еден од најопасните настани тие го сметаат токму засилувањето на тензиите меѓу Москва и Анкара по соборувањето на рускиот Су-24 над Сирија.

Сепак, според зборовите на министерот за култура и туризам на Турција Наби Авџи, властите на земјата сметаат дека годинава во одморалиштата во земјата ќе одмораат околу еден милион туристи од Русија. Како што соопшти на почетокот на минатиот месец „Хуриет Дејли Њуз“, само во Анталија приливот на туристи од Русија во првите пет месеци од 2016 година опаднал за 96 отсто, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња