Финансиската состојба на руските авиокомпании се влошува, а учесниците на пазарот сметаат на државна поддршка. Ова во вторникот, 12 јули, го пишува „Комерсант“ повикувајќи се на претседателот на Асоцијацијата на воздушни превозници на Русија Владимир Тасун.
Според неговите податоци, оперативните загуби на најголемите руски авиокомпании во првиот квартал од 2016 година пораснале на 24 милијарди рубли (340 милиони евра) во споредба со 16 милијарди (225 милиони евра) за истиот период од минатата година. „Показателите изгледаат депресивно и ги покажуваат негативните тенденции кои се појавија во 2015 година“, изјави Тасун.
Расходите на авиокомпаниите во првиот квартал се зголемиле за 15 проценти – на 225 милијарди рубли. „Очигледно дека за сметка на зголемувањето на тарифите или овозможувањето на чартер дестинациите, на пример за Турција, нема да успееме да ја вратиме побарувачката“, изјави Тасун.
Со сегашното ниво на куповна моќ дури и минималното покачување на цените само ќе ја влоши состојбата, истакна тој. Затоа е неопходна пооперативна реакција на соодветните власти и продолжување на поддршката на оваа индустрија. „Веројатно треба да се направи државна нарачка за авиопревоз на социјално загрозените слоеви на насселението или максимално да им се олесни даночното оптоварување на компаниите“, додаде Тасун.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче