„Се разбира, јаглеводородите ќе доминираат во енергетскиот баланс во следниве 20 години. Иако уделот на нафтата и јагленот ќе се намалува поради тоа што динамиката која ќе ја забележуваме ќе биде поврзана со обновливите извори на енергија. Ние го предвидуваме тоа во нашиот енергетски баланс“, изјави Текслер, пренесува „Взгљад“.
Текслер ги нарече обновливата енергија и гас „гориво на иднината“. „Ние разбираме дека горивото на иднината е обновливата енергија заедно со енергетската ефикасност од големи размери. Плус развојот на потрошувачката на гас. И гасот е современ еколошки вид на гориво. Веројатно тие се две компоненти на кои треба да им се обрне особено внимание – се разбира, енергетскиот баланс на иднината ќе се менува во полза на овие видови енергија“, истакна првиот заменик-министер за енергетика на Русија.
Тој потсети дека во 2013 година заедно со Министерството за индустриски развој и трговија на РФ била активирана програма за поддршка на обновливи извори на енергија поврзана со локализацијата на производството на ветерници и соларни панели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче