Кери ќе ја посети Москва

МНР Русија смета дека посетата на американскиот државен секретар ќе ја подобри атмосферата на руско-американските односи.

Државниот секретар на САД Џон Кери неделава ќе ја посети Москва, соопшти портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, пренесува РИА „Новости“.

„Вечерта на 14 јули тој (Кери) ќе замине за Москва, каде ќе има серија средби со низа високопозиционирани руски официјални лица за да дискутира за Сирија, Украина, Нагорно Карабах и други прашања“, изјави Кирби на брифингот.

МНР Русија потврди дека Кери ќе пристигне во Москва. Рускиот дипломатски ресор смета дека оваа посета – четврта од мај 2015 година – ќе придонесе за подобрување на атмосферата на руско-американските односи.

Постетата на Кери ќе се случи  на 14-15 јули и е дел од европската турнеја на државниот секретар на САД, се вели во соопштението на Стејт департментот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња