Индија би сакала да купи од Русија 12 ракетни системи С-400 „Триумф“, се вели на официјалниот штанд на програмата Make in India на меѓународниот индустриски саем „Иннопром“ во Екатеринбург.
Според информациите на штандот, Индија исто така планира да земе на лизинг две атомски подморници „Ајкула2“ (Акула-2) со можност за откуп по завршувањето на лизинг-периодот, пишува „Взгљад“.
Претходно на 18 април помошникот на претседателот за воено-техничка соработка Владимир Кожин соопшти дека Кина и Индија се заинтересирани да го купат рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“ и дека со претставниците на овие земји се водат преговори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче