Трите споменици-обележја на Палмира беа срушени, меѓутоа можат да се обноват познатата Триумфална арка со колонадата и храмот на Баалшамин, додека светилиштето на врховниот семитски бог Бал најверојатно не може да се обнови. Ова на 11 јули го изјави генералниот директор на Државниот музеј на Истокот Александар Седов кој престојуваше во состав на руската делегација во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
„Основните заклучоци се дека разрушувањето не е толку значително како што се претпоставуваше. Самиот антички град не настрада толку многу колку што се плашевме, меѓутоа урнати се обележјата на овој древен град кои беа „визит-картичка“ на Палмира. Покрај тоа, има и мали оштетувања на други места, а многу е оштетена некрополата“, изјави Седов.
Тој истакна дека во целост бил урнат и храмот на Баалшамин, кој при рушењето се урнал како кула од карти, меѓутоа неговата реставрација е потполно можна, исто како и обновата на Триумфалната арка. „Но за второво е потребно значително време и големи финансиски трошоци. Урнатините се добро зачувани, можат да се распознаат, нумерираат и мошне брзо и не многу скапо да се реставрираат, со исклучок на храмот на Баал, затоа што тоа е работа која ќе трае со децении. Во целост се срушени гробниците, надземните и подземните и не можат да бидат реставрирани“, потенцираше експертот.
Седов прецизираше дека работите можат да траат околу 1,5-2 години, но сето тоа е усложнето поради отсуството на инфраструктура во Палмира, немирната ситуација во тој регион, како и поради фактот што таа се наоѓа на списокот на Светско наследство на УНЕСКО и затоа значително време може да одземе усогласувањето на работите со сите заинтересирани страни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче