Враќањето на Турција на пазарот на организиран туризам доведе до намалување на цените за другите дестинации, пишува „Комерсант“.
Според податоците на Асоцијацијата на туроператори на Русија (АТОР), падот на цените за сите популарни одморалишта изнесува 10-11 проценти. Во асоцијацијата ја објаснуваат таквата динамика со појавата на голем број посебни понуди.
Како пример се наведува Тунис, каде просечната цена за еднонеделен одмор се намали за 40 отсто, а исто така се забележува и нагло паѓање на цените за пакет-аранжманите во Русија.
Цените за одмор во Турција се на повисоко ниво поради одлагањето на обновата на чартер-летовите. Овој фактор веднаш ја намали побарувачката за организирано патување во Турција – бумот на продажба на турските тури траеше една недела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче